Cодржина Апстракт 2 Монетарна политика 3 Цели на монетарната политика 3 Поставеност на монетарната политика 5 Оперативни таргети на монетарната политика 5 Интермедијарни таргети на монетарната политика 6 Инструменти на монетарната политика 7 Трансмисиониот механизам кај монетарната политика 7 Експанзивна и рестриктивна монетарна политика 8 Дискрециона монетарна политика или правила во спроведувањето на монатарната политика 8 Монетарна политика во Р. Македонија 10 Спроведување на монетарна политика во Р.М 11 Заклучок 13 Користена литература 14 Апстракт Макроекономија е дел од економијата кој се занимава со проучување на економијата во целина. Ги проучува економските односи помеѓу различни земји и нивната интеракција. Макроекономија го проучува меѓународното дејствување на еден дел од економијата, на пример, земјоделство на глобален план, производство на челик итн. Макроекономијата се користи за анализирање како најдобро да се влијае на политиката на цели на Владата како што се економски раст, стабилност на цените, вработување и постигнување на одржлив биланс на плаќања. Макроекономијата понегокаш се користи како синоним за општ пристап на економско размислување, кој вклучува стратегии на долг рок, и рационални очекувања во агрегатното однесување. Обидувајќи да се избегнат повеќето економски шокови, како што е Големата Депресија, владите се приспособуваат преку измени на политиките за кои политики се надеваат дека ќе успеат да ја стабилизираат економијата. Владите веруваат дека успехот на овие приспособувања (измени) се неопходни да се одржи стабилноста и континуираниот развој. Ваков економски менаџмент се постигнува преку два типа на стратегии: · Фискална политика · Монетарна политика Монетарна политика Монетарната политика (англиски: Monetary policy) претставува дел од макроекономската политика на една земја. Со нејзините мерки и инструменти, во комбинација со мерките и инструментите на другите макроекономски политики, се остваруваат целите на економската политика. Монетарната политика ја води државата, но за нејзината реализација е задолжена централната банка, која преку регулирање на парите во оптек и кредитите влијае врз вкупните економски движења во една земја. Монетарната политика се остварува преку одредени инструменти, преку кои централната банка дејствува пред се антиинфлаторно. На овој начин, монетарната политика може да даде значаен придонес во стабилизирањето на економијата и во доближувањето на фактичкиот бруто домашен производ кон потенцијалниот. Цели на монетарната политика Монетарната политика е инструмент на економската политика за остварување на неjзините цели. Оттука, основните цели на монетарнта политика се: · Одржување на одредена стапка на економски раст; · Одржување на одредено ниво на производство и вработеност; · Одредување на стабилноста на општото ниво на цените; · Одржување на врамнотежен платен биланс и стабилен девизен курс на домашната валута. Првите две цели на монетарната политика имаат развоен карактер, а вторите две стабилизационен. Развојните и стабилизационите цели на монетарната политика често се противречни. Ако акцентот се стави, на пример, врз динамизирање на стопанскиот раст, тоа може да ја наруши стабилноста на цените, односно да предизвика инфлаторни тенденции. Затоа во практиката доаѓа до комбинација на мерките и инструментите на другите макроекономски политики (фискалната, политиката на цени и др.) со што настанува корекција на деформациите предизвикана од двете групи на цели на монетарната политика. Стимулирањето на штедењето како битна претпоставка за пораст на инвестициите и динамизирањето на економскиот раст претставува и најбитна задача на монетарната политика во доменот на остварувањето на развојните цели. Одржувањето на стабилност на општото ниво на цените се остварува со регулираъе на масата на пари во оптек. Со тоа што монетарната политика се грижи за остварување на стабилноста на општото ниво на цените, таа придонесува и за реализација на четвртата цел односно, врамнотежување на платниот биланс и одржување стабилен девизен курс на домашната валута.[footnoteRef:1] [1: Таки Фити,Вовед во современата економија, Економски факултет, Скопје, 2002.] Слика бр 1. Реакција на промената на монетарната политика Поставеност на монетарната политика Вообичаено, при остварувањето на крајните цели, монетарната политика се води во две фази: прво, централната банка треба да избере некоја посредна цел (интермедијарен таргет) која има големо влијание врз остварување на крајната цел и, второ, таа треба да избере оперативен таргет кој има големо влијание врз остварување на интермедијарниот таргет. Потоа, монетарната политика се води според следниов редослед: со помош на своите инструменти, централната банка настојува да влијае врз оперативниот таргет, со негова помош, таа го остварува интермедијарниот таргет и така, таа ги постигнува своите крајни цели.[footnoteRef:2] [2: Мелита Трајковиќ, “Цели и инструменти на монетарната политика: современи искуства”, Работен материјал бр. 16, Народна банка на Република Македонија, Скопје, 2006] Оперативни таргети на монетарната политика Оперативните таргети ја претставуваат првата алка во трансмисиониот механизам на монетарната политика и тие се варијабли кои се под директна контрола на централната банка. Имено, централната банка не може со употреба на инструментите на монетарната политика директно да влијае врз остварување на нејзината крајна цел и заради тоа, трансмисиониот механизам на монетарната политика вклучува голем број на варијабли и функционални односи преку кои монетарните импулси се пренесуваат во реалниот сектор во економијата. Генерално во практиката постојат два вида на оперативни таргети на монетарната политика: · Tаргетирање на каматната стапки (ценовно таргетирање), при што преку регулирање на понудата и побарувачката на примарните пари, централната банка настојува да го реализира поставениот оперативен таргет; · Tаргетирање на монетарната база (квантитативно таргетирање), каде што преку директно квантитативно регулирање на монетарната база, се настојува да се оствари поставениот оперативен таргет. Така, во земјите каде постојат развиени и длабоки финансиски пазари, оптимален оперативен таргет би била каматната стапка. Во овој случај, централната банка ги толерира осцилациите на каматните стапки, сè додека тие се конзистентни со оперативниот таргет. Спротивно на тоа, во земјите каде финансиските пазари се недоволно развиени, монетарната база претставува оперативен таргет кој дава адекватни сигнали за движењето на интермедијарниот таргет, евентуалните отстапувања од таргетираното ниво и, следствено, активностите кои централната банка треба да ги преземе во остварување на крајната цел. Интермедијарни таргети на монетарната политика Интермедијарен таргет претставува варијабла преку која централната банка индиректно влијае врз остварување на крајната цел. Истовремено, интермедијарниот таргет овозможува јавноста да ја следи и оценува политиката што ја води централната банка. При изборот на интермедијарниот таргет, централната банка посебно внимание посветува на можноста за негово следење, односно да ги добива потребните податоци со помало задоцнување. Понатаму, при изборот важна е и можноста за контрола, односно централната банка да може преку контрола на интермедијарниот таргет да влијае врз остварување на крајната цел. Исто така, при изборот на интермедијарниот таргет, се претпоставува дека постои стабилна врска меѓу интермедијарниот таргет и крајната цел на монетарната политика. Во зависност од изборот на соодветниот интермедијарен таргет, централната банка применува соодветна монетарна стратегија. Како интермедијарни таргети, централната банка ги користи: парите, кредитите, девизниот курс, каматните стапки итн., а нивното остварување води кон остварување на крајната цел на монетарната политика.[footnoteRef:3] [3: Ана Врбоска, “Оперативни таргети на монетарната политика (со посебен осврт на Република Македонија)”, Народна Банка на Република Македонија, Економски истражувања, број 3, II/ 2002.] Инструменти на монетарната политика Инструментите на монетарната политика, кои централната банка ги користи за остварувањето на своите цели се делат на: · квантитативни и квалитативни. Со квантитативните инструменти, централната банка ја регулира потребната количина на пари во оптек. Квантитативни инструменти се · Политика на отворен пазар; · Дисконтна политика; · Политика на задолжителни резерви.[footnoteRef:4] [4: Таки Фити, Вовед во современата економија, Скопје, 2002.] Трансмисиониот механизам кај монетарната политика Анализата на начините и на маханизмите преку кои промените во понудата на пари предизвикуваат промени во најзначајните макроекономски агрегати е прашање со кое се занимава монетарниот трансмисионен механизам. Влијанието на промените на понудата на пари врз најзначајните макроекономски големини е посредно, индиректно, преку промените на каматните стапки. Логиката на преносот односно трансмисијата на ефектите од промената на понудата на пари врз најзначајните макроекономски големини е следна] · Промените на понудата на пари предизвикуваат промена на висината на каматната стапка; · Променетата каматна стапка предизвикува промени во компонентите на агрегатната побарувачка чувствителна на каматната стапка: инвестициите на претпријатијата и потрошувачката на домаќинствата на трајни потрошни добра; · Промените на инвестициите предизвикуваат промени на номиналниот бруто домашен производ. Поголем дел од економистите го прифаќаат предходно изложеното маѓутоа монетаристите се тие кои ја поддржуваат квантитативната теорија за парите, чијашто суштина се искажува преку формулата: МV = РQ (каде што М = понуда на пари, V = брзината на обртот на парите, Р = нивото на цените и Q = вкупниот физички обем на добрата и услугите во економијата). Експанзивна и рестриктивна монетарна политика Експанзивната монетарна политика се применува во услови кога во економижата владее рецесија. Во тој случај фактичкиот бруто домашен производ е под потенцијалниот. За стабилизација на еконимијата централната банка ќе ги активира инструментите на монетарната политика кои ќе ја зголемат понудата на пари со што ќе се зголеми кредитниот потенцијал на комерцијалните банки. Таквата зголемена понуда на пари ќе предизвика намалување на каматната стапка и поттикнување на инвестициите со што ќе се зголеми агрегатната побарувачка, ќе порасне реалниот бруто домашен производ и ќе се намали невработеноста. Рестриктивната монетарна политика се применува ако економијата е соочена со експанзија којашто, доколку не се контролира може да премине во висока инфлација. Во овој случај централната банка ќе продава државни обврзници, ќе ја зголеми стапката на задолжителни резерви и ќе ја зголеми дисконтната стапка. Со тоа ќе се дестимулираат инвестициите, , агрегатната побарувачка ќе опадне, реалниот бруто домашен производ ќе се намали, како и општото ниво на цените. агрегатната побарувачка ќе опадне, реалниот бруто домашен производ ќе се намали, како и општото ниво на цените. Дискрециона монетарна политика или правила во спроведувањето на монатарната политика Правото на централната банка да води дискрециона монетарна политика фактички се сведува на нејзино право да ја менува понудата на пари и на тој начин активно да влијае врз клучните макроекономски агрегати, а во зависност од состојбата во економијата и дали економијата е соочена со експанзија или пак со рецесија. Иако во современата макроекономска наука долго време се води дискусија околу дилемата дискрециона монетарна политика или правила во спроведувањето на монетарната политика, согласност по ова прашање сѐ уште отсуствува. Во последната декада се разви еден нов пристап нарешен таргетирање на инфлацијата, кој во основа се следува на компромис меѓу дискреционата монетарна политика и правилата во спроведувањето на истата. Суштината на таргетирањето на инфлацијата се сведува на следново: владата и централната банка се определуваа за ниска и стабилна инфлација на среден и долг рок; се соопштува нумерички, бројчан таргет за стапката на инфлација во определен ранг (распон). Таргетирањето на инфлацијата, како монетарна стратегија, има две значајни предности: Прво, таа ги елиминира инфлационите очекувања во економијата. Второ, монетарната политика станува пофлексибилна, поприлагодлива на конкретната економска ситуација, бидејќи не е обврзана да се фокусира на одржување на фиксна стапка на инфлација на подолг период. Најголема слабост на овој пристап е кредибилитетот на централната банка и владата. Слика бр 2. Проекција на монетарна политика Монетарна политика во Р. Македонија Народната банка на Република Македонија (НБРМ) е централна банка, чијашто основна цел е одржување на ценовната стабилност, при што таа е независна во остварувањето на функциите. Притоа, НБРМ ја поддржува економската политика и финансиската стабилност на земјата без да се загрози остварувањето на основната цел, почитувајќи ги начелата на пазарната економија. Во согласност со законски определените функции, НБРМ ја осмислува и ја спроведува монетарната политика. На крајот на тековната година, во согласност со претходно утврдената рамка на макроекономската политика, НБРМ изготвува Проекција на монетарните движења за следната година, која ја усвојува Советот на НБРМ. Одржувањето на ценовната стабилност е основната цел на Народната банка на Република Македонија, утврдена со закон. Поставувањето на оваа цел е во согласност со емпириски потврдените сознанија дека ценовната стабилност создава најповолен макроекономски амбиент за долгорочно одржлив економски развој. Заклучно со 1999 година, инфлацијата во Република Македонија се мереше преку индексот на цените на мало, а од 2000 година таа се следи преку индексот на трошоците на животот. За остварување на крајната цел, НБРМ утврдува посредна цел на монетарната политика. Така, од април 1992 година до септември 1995 година НБРМ ја применуваше стратегијата на целење на паричната маса М1, како посредна цел на монетарната политика. Почнувајќи од октомври 1995 година наваму, НБРМ спроведува монетарна стратегија на целење на номиналниот девизен курс на денарот во однос на германската марка, а од јануари 2002 година во однос на еврото. Според тоа, одржувањето на стабилноста на девизниот курс на денарот претставува посредна цел на монетарната политика. Примената на стратегијата на целење на девизниот курс произлегува од: а) важноста на девизниот курс во мала и отворена економија; б) потребата од номинално сидро за одржување кредибилитет; в) високиот степен на евроизација, и г) транспарентноста на политиката на девизниот курс и можноста за секојдневно следење од страна на економските субјекти. Во услови кога монетарната политика е насочена кон одржување на стабилноста на девизниот курс на денарот, каматните стапки и понудата на пари се зависни категории, одредени од остварувањето на посредната цел. Преку својата каматна политика НБРМ упатува монетарни сигнали до банките и на тој начин настојува да влијае врз висината на нивните активни и пасивни каматни стапки. Тековно, основна каматна стапка на НБРМ е каматната стапка остварена на аукциите на благајнички записи. Спроведување на монетарна политика во Р.М Заради остварување на ценовната стабилност, како примарна цел на монетарната политика, НБРМ располага со различни инструменти за монетарно регулирање. Имајќи предвид дека помеѓу инструментите и крајната цел на монетарната политика постои сложена и индиректна поврзаност со временско задоцнување, НБРМ го следи движењето на одредени економски варијабли - оперативни и посредни цели. Оперативните цели полесно се контролираат, но се подалечни од крајната цел, додека посредните цели потешко се контролираат, но се поблиски до крајната цел. Преку управувањето со нивото на каматните стапки, а со тоа и нивото на ликвидните средства во банкарскиот систем, како оперативна цел, НБРМ настојува да влијае врз нивото на девизниот курс, како посредна цел на монетарната политика. Слика бр 3. Од инструментите на НБРМ, најфлексибилни се операциите на отворениот пазар, коишто зависно од ликвидносната состојба во вкупниот банкарски систем, можат да се спроведуваат преку емисија на хартии од вредност на НБРМ - аукции на благајнички записи, или преку купување или продажба на хартии од вредност на привремена или дефинитивна основа. Стандарден инструмент претставува задолжителната резерва преку која НБРМ директно влијае врз понудата на пари и кредити. За надминување на краткорочниот ликвидносен недостиг кај банките на крајот на денот, НБРМ одобрува расположлив кредит преку ноќ. Во услови нa краткорочен вишок на ликвидност, банките можат да пласираат средства кај НБРМ во расположливи депозити преку ноќ и на седум дена.[footnoteRef:5] [5: www.nrb.mk] Заклучок Монетарната политика била, е и ќе биде еден од најважните делови од економската политика. Ако се занемарат специфичните цели, кои се менуваат од година во година се јавуваат спорадично, главни цели на економската политика се: одржување на одредена стапка на стопанскиот растеж, одредено ниво на производството, стабилност на општото ниво на цените и урамнотеженост на платниот биланс. Во остварувањето на овие цели на економската политика, покрај монетарната, на располагање и стојат и фискалната, политиката на цени и на доход, итн. Монетарната политика, според тоа, е само еден од позначајните делови на економската политика. Монетарната политика ја води државата, но за нејзината реализација е задолжена централната банка, која преку регулирање на парите во оптек и кредитите влијае врз вкупните економски движења во една земја. Монетарната политика се остварува преку одредени инструменти, преку кои централната банка дејствува пред се антиинфлаторно. На овој начин, монетарната политика може да даде значаен придонес во стабилизирањето на економијата и во доближувањето на фактичкиот бруто домашен производ кон потенцијалниот. Користена литература · Таки Фити,Вовед во современата економија, Економски факултет, Скопје, 2002. · Мелита Трајковиќ, “Цели и инструменти на монетарната политика: современи искуства”, Работен материјал бр. 16, Народна банка на Република Македонија, Скопје, 2006 · Ана Врбоска, “Оперативни таргети на монетарната политика (со посебен осврт на Република Македонија)”, Народна Банка на Република Македонија, Економски истражувања, број 3, II/ 2002. · Tаки Фити, Економија и основи на економијата, Скопје, 2006. · www.nrb.mk · www.faktor.mk 16