Машинска група или подгрупа е множество од склопови,подсклопови и детали,кои соединети заедно извршуваат одредена заедничка функција. Машинските групи се основните делови на една машина во целина,како што се моторот,трансмисијата, уредот за управување и др Предностите кои ги даваат стандардите се однесуваат на лесното усогласување помеѓу самите конструктори во конструктивното биро,прототипното одделение,при работа со машините и алатите,како и при работа и точна примена на мерните единици за реализација на стандардизацијата,неопходни се следниве мерки: ● .шифрирање на машинскиот дел ● дефинирање,план и методологија за реализација ● придржување кон мерните единици ● терминологија ● комплетна спецификација и дефинирање на избор со основните карактеристики на машинскиот дел ● обебедување на сигурност на работниците и основните сретства . Машински материјал се суровините од кои се изработуваат маш.делови а потоа тие се склопуваат 1,метали (железни и нежелезни) 2.неметали ○ во групата на железни матер.спаѓаат разни видови на железо и челик ЖЕЛЕЗO-се добива со топење на железната руда која во себе содржи магнетит,лимонит,хематит. ○ Сиво сурово железо,бело сурово,специјални видови на железо-како резултат на топење на рудата во високите печки ○ одливци-сив,темпер,модифициран,нодуларен и тн ЧЕЛИК-околу 4000 видови со различна форма во зависност од потребата Добивање: со преработка на бело сурово железо ➢ намалување на содржината на јаглерод ➢ рафинирање на белото сурово железо ➢ мешање на белото сурово железо со отпадно ➢ користење метод на цементација ➢ користење мњтод на пудловање Видови: 1.конструктивен-плуг,ралници спојки 2.челик за цементација-се загрева на t*870 C*, а ладењето може да се врши атмосферски,во вода или во специјални масла 3.челици за подобрување-издржува сила од 800-1300 N/mm2 4.алатен челик-се одликува со голема цврстина по извршена термичка обработка на t* од 760-980* ; за изработка на алат 5.инокс челик-се користи за изработка на делови кои не смеаат да корозира Термичка обработка се врши во специјално направени печки во кои што строго треба да се контролира работната t* која се движи од 300-1000* а исто така и времетраењето.Како второстепена постапка е ладење на маш.делови при што секоја врста на челик бара посебен режим. НЕЖЕЛЕЗНИ МАТЕРИЈАЛИ (легура-својство на метал а е составен од два или повеќе хемиски елементи во чија содржина има најмалку еден метал; бакар; бронза; алуминиум; цинк; калај НЕМЕТАЛНИ МАТЕРИЈАЛИ (дрво-даб и брест; гума-природна и вештачка,се одликува со еластичност,цврстина,издржливост,отпор,за изработка на пнеумтици,каиши,при изолација,при ентериер на кабина на трактор и др; пластика-врши замена на железни и нежелезни материјали; кожа-може да биде природна и вештачка и има ограничена употреба-за обликување на ентериерот во кабината и седиштата на тракторот или кога треба некој дел да се изолира; стакло-ограничена примена-при конструкција на кабините или поединечни машински делови кои извршувајќи ја својата функција не се многу оптоварени,при инсталација на мерните инструменти од тракторската табла; растителни влакна за изработка на преносници (каиши) или пак при изработка на платната од надворешната гума) МАШИНСКИ ЕЛЕМЕНТИ ЗА СВРЗУВАЊЕ посредни и непосредни врски ПОСРЕДНИТЕ врски кај маш.делови настануваат со посретство на различни елементи со кои тие се меѓусебно поврзани,како што се каишите,синџирите,шајбните и др.кои овозможуваат,движењето и оптеретувањето од еден на друг маш.дел да се пренесе со минимален број на загуба на енергија НЕПОСРЕДНИТЕ врски се наречени и директни врски и се остваруваат помеѓу маш.делови без учество на некои елементи,па движењето и оптеретувањето се пренесуват директно со непосреден допир помеѓу двата дела. Наредна поделба е на елементи за разделни и неразделни врски Под поимот елементи за разделни врски се подразбираат врски кои овозможуваат спојување на две или повеќе маш.делови за правилно извршување на својата функција но кога сакаме истите можеме да ги одвоиме.Такви се завртки,навртки,клинови,подлошки,осигурачи,пружини и др ЗАВРТКИ:тело и глава; се изработуваат од квалитетен материјал како што се лиеното железо.разни видови на челик и др; видови: нормална,плужни,завртки без навртки,темелни завртки,гола заврка. НАВРТКИ:се навртуваат на навојницата од завртката; се составени од тело кое е шупливо а во внатрешниот дел има навојница; видови: шестоаголни,четириаголни,крунести,крилести,слепи. КЛИНОВИ: цилиндрична форма но можат да бидат и правоаголни со полукружно чело,со искосено чело,со ракавец на средината или на крајот,плоснат или сегментен клин.должина од 5- 30cm; врската која се остварува со клиновите може да биде попречна и надолжна ПРУЖИНИ: покрај за спојување на делови,имаат улога и за амортизирање(ублажување) на удари помеѓу два дела; според конструкцијата: флексиони и терзиони(федери) ОСИГУРАЧИ: наоѓаат примена кај оние маш.делови кои се сврзани со разделни врски,а кои во единица време имаат големи вибрации и постои опасност тие да се разлабават или пак да се одвојат еден од друг. ПОДЛОШКИ или шајбни имаат улога за зголемување на допирната површина на елементите со маш.делови и допридонесуваат за посилна и постабилна врска а имаат и улаога да го спречат оштетувањето на деловите. Елементи за неразделна врска се елементи кои вршат спојување на маш.делови трајно и цврсто,а за таа цел се користат најразлични процеси,како нитнување,лепење,швајсување и др. Најголема примена во земј.стопанство имаат трите начини на заварување:швајцување,ковачко и гасно(оксикогенски завар.). ШВАЈСУВАЊЕТО спаѓа во групата на електрично заварување и може да биде елек.завар.со отпор и елек.завар.со елек.лак Машински елементи за пренос на движење овозможуваат пренос на движење од еден маш.дел на друг и тоа на поблиски и на подалечни растојанија.Можат да бидат: ● елементи кои овозможуваат кружно движење(лежишта,оски,оскички) ● елементи кои го овозможуваат и пренесуваат кружното движење(запченици,каиш со каишница,вратила,синџири со синџирница) ЛЕЖИШТАТА овозможуваат изведување на кржното движење и при тоа понесуваат и дел од товарот на маш.дел кој се врти.По конструкција се делат на: 1.лизгачки-е шупливо тело во кое е овозможено вртење на маш.дел или пак на дел од него.При овој вид на вртење се јавува голема допирна површина помеѓу лагерот и маш.дел што доведува до зголемено триење и до поголема загуба на енергија,па затоа треба да се подмачкуваат со грес или др.уље, се применува кај оние маш.делови кои имаат мал број на вртења. 2.валчести-се составени од валчиња кои се добро прицврстени помеѓу двата челични прстени; се применуваат кај оние маш.делови кои имаат поголем број на вртења за разлика од оние на лизгачките, тие создаваат помал процент на триење и загуба на енергија бидејќи имаат помала допирна површина со маш.дел, потребно е и тие да се подмачкуваат. 3.сачмени или топчести-се составени од 2 челични прстени кои стабилно помеѓу нив ги држат сачмите и не им дозволуваат да излезат од своите лежишта; се применуваат кај оние маш.делови кои имаат голем број на вртежи во единица време.Имаат најмал процент на триење и на загуба на енергија бидејќи допирот на сачмите и на челичните прстени е мал а исто така и со маш.дел; потребно е и тие да се подмачкуваат. ОСКИ претставуваат типични носачи на одредени механички оптоварувања од маш.делови ОСКИЧКИ во примена се среќаваат кога заедно се вртат со маш.дел или пак маш.дел се врти околу нив.По должина се од 3-15cm. ЗАПЧАНИЦИТЕ го овозможуваат и пренесуваат движењето на блиски растојанија.За да се изврши преносот потребно е да има најмалку два запчаника и тоа едниот кој прима а другиот кој предава движење,при што поврзувањето се изведува преку запците.Според поставеноста можат да бидат: од надворешна или од внатрешна страна.Според формата: прави(двата запченика се вртат противположно еден на друг),конусни и чиниести(покрај што вршат пренос тие имаат улога за измена на правецот на движењето за одреден агол) и спирални(и на двата запчаника запците треба да се во вид на спирала за да се изврши пренос на движење).ДОБРА страна е што вршат стабилен пренос со доста големо оптоврување на мало растојание, НЕГАТИВНА е што се јавува загуба на енерија при пренос. КАИШ СО КАИШНИЦА (шајбни) за пренос на подалечни места и за намалување и зголемување на движењето доколку дијаметарот на двете шајбни не е ист.Потребно е две шајби и тие меѓусебе се поврзани со каиш.За одржување треба да се подмачкуваат со т.н. средство за конзервирање на гуми кој е во вид на течност.Според начинот на поставување се делат на: 1.прави-двете шајбни(предавната и приемната)им се паралелни и се вртат во иста насока 2.полувкрстени-оските на приемната и предавната шајбна зафаќаат агол од 90* 3.вкрстени-се оние чии оски на шајбната се паралелни и каишот меѓу нив е вкрстен. ВРАТИЛА го пренесуваат и овозможуваат кружното движење од погонската машина на поединечни приклучни машини за кои има потреба.КОЛЕНАСТОТО вратило се применува во случаеви каде што треба праволиниското движење да се пренесе во кружно СИНЏИРИ СО СИНЏИРНИЦИ се елементи кои го пренесуваат движењето на подалечни растојанија,движење кои е доста оптоварено,но исто така овоможуваат намалување или зголемување на движењето.Синџирите се составени од алки кои можат да бидат едноредни и дворедни а во пракса се среќаваат и троредни и четвороредни.За да се намали триењето и загуба на енергија се применуваат неколку начини а тоа е сиџирот да биде правилно затегнат,примена на пружини а како трета варијанта е хидраулички. НАФТАТА како суровина,претставува природно богатство и е основен енергетски извор.Со преработка (фракциона дестилација)се добиваат најразлични продукти и тоа: разни видови на бензин и нафта,гасови,масла,масти,мазива кои претставуваат основна енергетска суровина.Со црпење од земјата се добива суровата нафта која како таква неможе да се применува како енергетско гориво,таа во себе содржи разни хемиски состојки како водород,кислород,сулфур, аромати,парафини,минерални примеси,азотни соединенија,јаглен но и некои др.примеси.(вода во разни проценти и тоа од 2-15%; земјин гас).Точка на мрзнење е секогаш под нулата а како главен фактор е застапеноста на парафинот во неа.Точка на запалување-зависи од вискозноста,со помала вискозност има пониска точка на запалување и оратно.Бојата: темно-кафеава, светло- жолта,црно-кафеава,зеленикава и др.Рафинериски производи: различни видови на безин/нафта, мазива,масти,масла,рафинериски гас,парафин,петролеум,битумен и др БЕНЗИНИТЕ претставуваат основен продукт на различни технолошки постапки при рафинирање на суровата нафта.По своите особини тие се делат на: ● со физичко хемиски особини .... најзначаен процент завзема јагленородот со 80-87%(му дава на горивото особина за побрзо и полесно согорување и пониска точка на запалување), водородот со13-15%(побрзо согорување и развиваат поголем процент на топлинска моќ), сулфур од 0,05-0,2%(негативна особина бидејќи со негово согорување се создава сулфурна и сулфурест киселина и предизвикува забрзана корозија), кислород 2,5%, смолите околу 5mg на 100ml.(погочема застапеност доведува до многу негативни појави како што се појава на гаровина,детонацијаа исто така го пореметува и нормалното подмачкување на моторот).Водата се смета како штетна состојка и несмее да ги надмине границите од 2% бидејќи негативно се одразува врз стартувањето на моторот како и на детонацијата која може да го поремети редот на палење и нормалното функционирање на фазите на согорување а бензините се одликуваат со помала топлинска и енергетска моќ. Точка на мрзнење-бензинот почнува да се кристализира и да се намалува неговата течливост.Кај ОТО-моторите е од -50 до -100 С*, за да се подобри точката на мрзнење при стартивање во зимски услови се додава одедена количина на бензол. Температура на палење-е онаа при која бензинот почнува да гори и се движи од 65-550С*.При поголема густина точката на палење се зголемува, а при помала обратно. ● погонски(моторно-погонски)особини од нив зависи нормалната работа на моторот, ефикасноста на искористување на топлотната моќ,економичноста на работа, времетраењето на експлоатацијата.Односот да се движи во сооднос за бензините со поголем октански број од 1/12 до 1/15 што значи еден дел гориво,а од 12 до 15 дела прочистен воздух. ДЕТОНАТОРСКИ БРАН-неправилно запалување и согорување на бензините; зависи од составот, одосно од застапеноста на поединечни смеси како што се парафини,аромати,зголемена вискозност или пак поголем процент на вода.Детонаторската појава лошо влијае бидејќи коефициентот на искористеност на гориво е намален,потрошувачката е зголемена или земено во целина моторот не работи економично. ОКТАНСКИ БРОЈ-претставува основа за определување на квалитетот на бензините односно претставува процент на застапеност на изооктан и хептан, ДЕТОНАЦИЈА може да настане доколку се поремети односот на изооктан и хептан,при што хептанот со зголемено присуство во горивото му дава особина на неотпорност спрема детонацијата при што горивото го прави со лоша структура на јагленоводородите во него. БЕЗОЛОВЕН БЕНЗИН-претставуват група на бензини кои се дополнително рафинирани и од нив се отстранети штетните материи,како оловните соединенија кои се движат во границите од 0,02g/. ДИЗЕЛ ГОРИВА-се добиваат со рафинирање на суровата нафта во фракции како дестилати кои се потешко испарливи во однос на бензините.Се делат во две групи: физичко-хемиски особини -од нив зависи режимот на работа на моторот,неговата економичност, искористеност како и неговата трајност.Густината е важна особина,и кај дизел горивата расте со зголемување на процентноста на застапеност на парафините, ароматите,циклоалканите,изопарафините и др.состојки. T* ладење е појава при која што горивото згиснува и се намалува неговата течливост.Големо влијание има застапеноста на водата која во многу може да ја намали точката на мрзнење.Обично оваа тем.е од -15 па до пониски темп.Сулфурот се движи во граници од 1-2%Водата не смее да надмине повеќе од 0,10%.Нечистотиите претставуваат опасност за оптимално работење на моторот и допридонесува за негово брзо оштетување и настанување на чести дефекти. Моторно-погонски особини --- дизел горивата директно се вбризгуваат во цилиндарот при што се додава смесата од горивото и воздухот а потоа и претварање од хемиска во топлотна енергија.Запалливоста е основна карактеристика кај дизел моторите од која што зависи правилната работа на моторот,како и искористеноста на енергија.Цетанскиот број се движи во граници од 40-50 при што дизел горивата со помал цетански број секогаш при согорувањето ја зголемуваат потрошувачката на гориво.Понискиот цетански број секогаш на горивото му дава позадоцнето запалување. ЦЕТАНСКИ БРОЈ-претставува содржина на лесно запаллив цетан во горивото. МАСЛА (НАФТЕНИ ДЕРИВАТИ) ЗА Г ОРЕЊЕ претставуваат нафтени деривати кои можат да се добијат со рафинирање на суровата нафта или пак по вештачки пат. ЕКСТРА ЛЕСНО ГОРИВО(НАФТА ЗА ДОМАЌИНСТВО) претставува потешка фракција од дизел горивата,во текот на рафинирањето на суровата нафта.Се одликува со оптимална течност и густина; точката на палење мора да е повисока од 55*C.Се користи за загревање на пластеници, заштитени простории,фолии и сл. Но никако не смее да се користи како дизел гориво МАЗУТ претставува основно погонско гориво за загревање на сите видови на стакленици и пластеници во раноградинарското производство бидејќи бавно се врши неговата замена со други видови на енергетски горива. Се среќева под различни називи како екстра лесно,лесно специјално,лесно-ниско сулфурно,средно,средно-ниско сулфурно,тешко,тешко ниско сулфурно, екстра тешко. Ослободуваат топлинска енергија од 39-42МЈ. Точка на палење од 55-110*С. Густината просечно се движи од 0860g/ml при темп.од 15*С.Содржи вода и сулфур но не повеќе од 2%. ГАСНИ ГОРИВА: природни и вештачки.Природните се добиваат во наоѓалишта од каде се црпи суровата нафта, со почетно преработување на суровата нафта или пак со рафинирање на суровата нафта во индустриски објекти. Вештачките се добиваат со примена на специјални постапки,при преработка на други горивни материи,со хидрирање или синтеза и сува дестилација на цврстите горива или пак други енергетски материјали. Доминира метанот со 80- 90%, топлинска моќ од 33-38МЈ на m3. Октански број од 105-125. Најмногу се среќава погонскиот гас кој е смеса од 50%пропан и 50% бутан БИО ГАС-мешавина од гасови со околу 65% на метан,30%јаглерод двооксид,1%сулфур водород и смеса од кислород,водород,азот и др.Се добива како резултат на анаеробна ферментација на органските материи при определена темп.,влажност,инсулација,киселост и алкалонст на маса. Топлинска моќ од 23-25МЈ/кг а со дополнителна технолошка преработка може да се зголеми и до 50МЈ/кг.Служи како алтернативно гориво за повеќе намени во земјод.произвотство. ЕКО ГОРИВО-датира од времето на Втората светска војна а денес брзо се развива како технологијата така и количествотот на произведено еко гориво.Се произведува од различни земј. култури а најмногу од маслодајната репка. МАЗИВА,МАСТИ И МАСЛА- се користат за намалување на триењето и трошењето на маш.делови и склопови при извршувзње на нивната функција.Според начинот на подмачкување: ● хидродинамичко-претставува вид на подмачкување при што се создава флуид помеѓу триечките површини на двата машински дела од сретството за подмачкување.Неговата дебелина може да биде различна во зависност од димензиите на маш.делови, поставеноста и функциите кои ги извршуваат.Создадениот флуид има за цел да го намали триењето и отпорот кој се јавува меѓу нив. ● Подмачкување под притисок-се применува таму каде што многу тешко допира флуидот.За тоа се користат мазалици во кои што под притисок се вбризгуваат поединечни масла и мазива. ● Гранично-таму каде што допирните површини меѓу маш.делови се во взаемно дејство,односно имаат голема допирна површина.За да се намали триењето се поставува тенок слој од флуид,кој што од едната страна ќе врши разграничување помеѓу двата дела. Се произведуваат различни врсти на масти,масла и мазива.Според примената,постои основна поделба и тоа на: -масла и -масти -мазивните масла се делат на: моторни масла индустриски мазива мазива за запченици специјални масла -од мазивните масти најзастапени се конзистентните масти кои се делат на: универзални и специјални универзалните конзистентни масла се делат на лесно топливи со темп.на топење до 65*С средно топливи со темп.на топење од 65 до 100*С тешло топливи со темп.на топење над 100*С Физичко-хемиски и механички квалитети: вискозност,густина,тврдост и др ➔ вискозност-од неа зависи квалитетот на подмачкување кај маш.делови и поцентот на триење и абење при изрвшување на нивната функција.При поголема темп.вискозноста се намалува а со тоа се намалува и густината и обратно.Влијанието на вискозноста врз квалитетот на подмачкување зависи од тоа во каква позиција се поставени маш.делови, квалитетот на маслото,неговото редовно подмачкување,степенот на зададеност и сл. Спрема вискозноста маслата се делат на неколку групи со т.н.SAE вискозен број кој започнува од 5 па до 140.А кај зимските масла на бројката се додава и W ➔ пенетриција(тврдост)-мерило за продирање на мастите,маслата,мазивата во зазорот помеѓу маш.делови,а се изразува со посебни бројки кои се движат од 0 до 6. Маслата спрема течливоста се делат на: 1. течни-најмногу се застапени моторните масла.Овде се вбројуваат и индустриските масла со специјална намена кои се поделени во посебни групи и тоа: -хидраулични-служат за полнење на хидрауличните системи -трансмисиони-при полнење на трансмисионата кутија,се одликуваат со способност за намалување на силите на триење на различни маш.делови кои спаѓаат во групата на запчести преносници а се изложени на високи оптоварувања и работат во тешки услови -хипоидни-за подмачкување на различни менувачки кутии,диференцијали и др видови на маш.делови со големи променливи оптоварувања,со зголемени брзини на движења и големи вртливи моменти. 2. Полутечни-се користат за основно подмачкување на маш.делови но тие имаат улога и за заштита од продор на земја,прашина и др.вид на нечистотии.Од физички-хемиските особини посебно се истакнува додатокот на различни хемиски елементи кои му даваат особености за одредена намена.ИСПАРЛИВОСТА на составните делови на мастите во случај на допир со надворешната средина,а особено со кислородот при што лесно испарливите фракции со нивното испарување на маслото му даваат одредена тврдина кое допридонесува за опаѓање на квалитетот. 3. Тврди-како составни делови од хемиските елементи кои се составен дел на оваа група на мазива,најмногу е застапен молибден сулфид,молибден селенид,селенид,графид и др. ПОГОНСКИ МАШИНИ-земј.машини се составени од голем број на делови и склопови и за да извршат одредена работа потребно е да добиваат погон за нивни придвижување со цел правилно и навремено извршување на нивната функција. Најмногу се применуваат: електромоторите хидростатички пренос мотори со внатрешно согорување МСВ ЕЛЕКТРОМОТОРОН ПОГОН-претставува комплекс на електромеханички систем,со чија помош се доведуваат во движење елементите од маш.дел и целокупната машина. Во однос на др.погонски машини се карактеризираат со: -едноставна конструкција,едноставен принцип на ракување и на одржување -економичност и квалитет на изведување на работните процеси -брзо и директно вклучување во погон -постигнување на вртливиот момент за многу кратко време -прилагодливост на вртливиот момент -брзина на вртење и степен на оптоварување спрема барањата на маш.дел или цела маш. -прилагодливост на работа во најразлични услови -изведба на полу или целосна автоматизација на одредена машина или работен процес Во однос на електричната струја што ја користат се делат на: 1.монофазни 2. трофазни 3. комбинирани Според можноста за регулација на бројот на вртежи се делат на: синхрони-со определен,константен број на вртења асинхрони-чиј број на вртења се определува во зависност од потребите на маш.дел или машината,а се мери со обртомер или обртоскоп.Честопати кај електромоторите се додаваат мултипликатори со кои може да се зголеми бројот на вртења или пак редуктори со кои се врши прецизно намалување на бројот на вртењата. Наредна поделба кај електромоторите е групата на поединечни кои погонот го даваат на одреден маш.дел или групни кои погонот го даваат на поголем број на маш.делови на одредена машина. Сите се составени од ротор и статор при што тие ја имаат главната улога при создавање погон. Електромоторниот погон може да биде составен од електричен и од механички дел. Во електричниот дел влегуваат погонскиот електромотор,кој електричната енергија ја претвара во механичка како и уредот за напојување со електрична енергија кој се добива најчесто од електричната мрежа. Во друга,пак,варијанта се користат уреди кои ќе произведат електрична енергија (дизел агрегати). Како нареден составен дел е управувачкиот уред кој може да биде едноставен или сложен по конструкција. Вртливиот момент ја означува моќноста на електромоторот и се изразува во вати или киловати. ХИДРОСТАТИЧКИ ПОГОН е поделен на два дела: 1.погонски кој врши предавање на моќта на моторот до погонскиот оден механизам и служи за нивно придвижување 2.во вториот случај се врши предавање на хидростатичката енергија на поединечен маш.дел кој треба да изврши одредена функција. Преносот на енергијата хидростатички може да се врши на два основни начини: 1.преку претварање на механичката енергија на излезот од моторот на потенционална енергија на флуидот,а потоа пак со помош на хидромоторот да се претвори во механичка. 2.вториот начин на претварање на механичката енергија е во случај кога,при излезот на моторот,се става посебна пумпа која механичката енергија од вртливиот момент ќе ја претвори во хидростатичка енергија и таквата ќе ја пренесе до погонските тркала на земј.машина што ќе овозможи нејзини придвижување. МОТОРИ СО ВНАТРЕШНО СОГОРУВАЊЕ-се машини кои хемиската енергија на горивото ја претвараат во топлинска а потоа во механичка работа. Првите обиди за конструкција на МВС датираат од втората половина на XVII век,од тогаш па до денес тие претрпуваат големи промени,а нивниот развој може да се подели во 3фази: Првата фаза започнува од 1678-1860год.,оваа фаза се карактеризира со првите обиди за конструкција на МВС.Во 1680 Хугенс предложил конструкција на мотор во кој ќе се употреби цилиндар,а околниот притисок на воздухот би се користел за придвижување на клипот.Подоцна Пакен го усовршил моторот на Хугенс вградувајќи во него вентили.Во 1774 Роберт Стрит конструирал нов тип на мотор кој користел катранско и терпаментно масло како гориво кое се мешало во цилиндарот со воздухот,а согорувал под дејство на пламен кој постојано горел.А подоцна Велиман создал мотор со центифугален регулатор кој се ладел со вода. Втората фаза се карактеризира со појава на МВС способен за постојана работа.Најпрво бил конструиран мотор кој како погонско гориво користел гас од коксен јаглен.На втората светска изложба во Париз 1867год,фирмите Otto и Langen изложиле двотактен мотор со гас за согорување кој имал водено ладење. Со одржувањето на третата изложба во Париз во 1878год започнува третата фаза од развојот на МВС.Овде бил изложен нов четиритактен гасен мотор конструиран од Николаус Аугустус Ото кој се карактеризирал со принудно запалување на смешата.Рудолф Дизел во 1897 год со помош на фирми изработил мотор кој за компресија користел чист воздух со дополнително внесување на гориво.Всушност од тогаш започнува и конструкцијата на дизел моторите. Врз базата на одвивање на работниот процес МВС се делат на: Otto мотори или мотори со принудно палење се МВС каде компримираната смеша за согорување во цилиндарот се пали со туѓа енергија,прескокување на електрична искра со висок напон помеѓу електродите на електричната свеќичка. Dizel мотори или мотори со самозапалување се оние мотори каде горивото се вбризгува во врелиот компримиран воздух,каде во таквиот момент има повисоки темп.од горивото,при што доаѓа до негово самозапалување. Под поимот работен циклус се подразбираат фази-усисување,компресија,согорување и издувување кои супцесивно се повторуваат во секој цилиндар при што се врши претварање на топлотната енергија во механичка.Клипот изведува праволиниско-повратно движење. Крајни положби на клипот-положбите на клипот во цилиндарот при кои тој постигнува максимално и минимално растојание од коленастата оска.Надворешна крајна положба или горна мртва точка е онаа положба на клипот во цилиндарот каде тој постигнува максимално растојание од оската до(на/ВКП) коленастото вратило. Од на клипот се нарекува растојанието помеѓу двете крајни положби на клипот НКП и ВКП. Работен волумен на цилиндарот Vh се нарекува оној волумен кој се ослободува од клипот при негово поместување од едната до другата крајна положба. Волумен на компресиониот простор Vc се нарекува оној волумен кој се формира над челото на клипот кога тој се наоѓа во НКП. Вкупен(полн)волумен на цилиндарот Va се нарекува оној волумен кој претставува сума на волуменот на компресијата и работниот волумен. Степен на компресија-претставува однос помеѓу вкупниот(полн)волумен и волуменот на компресија. По конструкција моторите се составени од: ➢ неподвижни делови ➢ подвижни делови • моторен механизам • разводен механизам НЕПОДВИЖНИ ДЕЛОВИ НА МОТОРОТ КАРТЕР или корито на моторот се наоѓа на најдолниот дел на моторот,по форма е во вид на корито (од каде и го добил името)а е прикрепен за блокот на моторот со завртки и навртки.Во него се става масло за подмачкување и пумпа за масло.Кај некои од внатрешната страна е во вид на прегради што овозможува земање на масло за подмачкување од страна на пумпата и кога тракторот работи на нагибен терен. БЛОКОТ е средниот дел од моторот и се наоѓа над картерот.Во него се наоѓаат сите делови на моторниот механизам кои извршуваат важни термодинамички процеси.Тој се изработува од квалитетен материјал како што е лиеното железо а се прави на центрифуга без да има шуплини. Исто така овде се наоѓаат и цилиндарски кошулки кои можад да бидат суви и влажни.Тие можат да бидат изведени заедно со блокот или пак поединечно(се јавува кај моторите со воздушно ладење). ГЛАВАТА е најгорниот дел,и со блокот е поврзан со голи завртки при што помеѓу нив се поставува дихтунг изработен од азбестно целулозен материјал.Главата по форма е различна и зависи од конструкцијата на моторот и од самиот уред за ладење.Во главата на бензиските мотори се наоѓаат свеќички а кај дизел моторите дизни.Главата врши затварање од горниот дел па затоа таа поднесува дел од високите темп.и притисоци настанати со согорување на горивата. ПОДВИЖНИ ДЕЛОВИ НА МОТОРОТ МОТОРЕН МЕХАНИЗАМ -претставува склоп на повеќе меѓусебно поврзани делови од моторот,кои имаат задача да ја примат силата од притисокот на гасовите и преку праволиниско наизменично движење да ја претвори во ротационо(кружно)движење.ДЕЛОВИ: Клип, клипни прстени, клипна оскичка, клипница, коленасто вратило, замавник КЛИП-претставува дел од моторниот механизам кој се движи праволиниски наизменично меѓу НКП и ВКП.Клипот служи за затварање на цилиндарот од долната страна,врши компресија на смесата или воздухот и учествува во истиснување на продуктите од согорувањето.Ги примаат сите притисоци и темп.настанати со согорување на горивото и преку клипњачата ги предаваат на коленастата оска.Се изработува од легури на алуминиум или пак од леано железо.Заедно со клипните прстени треба да обезбеди добро затнување на просторот во цилиндарот во кој се извршува работниот процес.Составен е од чело на клипот и кошулка. КЛИПНИ ПРСТЕНИ-тие се составни делови на клипот.Имаат функција да го спречуваат навлегувањето на продуктите од согорувањето во коритото на моторот,а исто така,се спречува и навлегувањето на маслото во спротивната насоко т.е.во просторот за согорување.Освен тоа имаат и задача да ја пренесуваат топлината од самиот клип на ѕидовите од цилиндарот со цел клипод да се лади.Според задачата што ја извршуваат,можат да бидат: -компресиони-нивна задача е за добро дихтување,функционираат во многу тешки услови. Поради непосредниот допир со врели гасови,а исто така и поради големото триење,првиот прстен најмногу се загрева.Првиот прстен топлината ја предава на цилиндарската кошулка чија темп.се движи од 100 до 120*С -маслени-се поставуваат во каналите под компресионите прстени и служат за враќање на маслото во картерот.Маслените прстени по форма се различни,исто така можат да бидат еластични и нееластиќни. КЛИПНА ОСКИЧКА-има за задача да оствари подвижна врска меѓу клипот и малата тупаница и да ги пренесе силите од клипот на тупаницата. КЛИПЊАЧА-служи за поврзување и пренесување на движење на клипот и коленастата оска.По конструкција е составена од мала тупаница која се поврзува со оската на клипот,голема тупаница каде се поврзува со вратовите на коленото од коленастата оска и тело. КОЛЕНАСТА ОСКА (ВРАТИЛО)- спаѓа во најважните,најсложените,најоптоварените и најскапите делови на моторот.Има неправилна форма во вид на колена .На коленастата осовина се наоѓаат онолку вратови на колената колку што моторот има цилиндри.Тие се поврзуваат со клипот преку големата тупаница.Нејзината улога кај МВС е да ги прими притисоците од клипот преку клипњачата и праволиниското движење да го претвори во кружно.Вртењето го остварува преку вратовите на оската и вртејќи се зафаќа дел од картерот и дел од блокот. ЗАМАВНИК-има за задача да обезбеди рамномерно вртење на коленастото вратило при сите вртежи,независно од работниот такт на моторот,а исто така служи и за предавање на трансмисијата .Се наоѓа на задниот дел од коленастата оска.Со оската е поврзан со завртки и навртки.Во периферијата има венез од запчаници. РАЗВОДЕН МЕХАНИЗАМ-при МВС има улога за развод на материјата,односно потребно е да овозможи за секој работен циклус цилиндарот на моторот да се наполни со одредено количество свежа смеса.Исто така,по извршеното согорување на смесата потребно е од моторот да се исфрлат продукти од согорувањето за да се подготви работниот простор за наредноит работен циклус.За да се исполни оваа задача,неопходно е на цилиндарот да постојат најмалку два отвора низ едниот навлегува свежа смеса(кај ото моторите) или чист воздух(кај дизел моторите), а низ другиот излегуваат продуктите од согорувањето...Постојат два вида или типови на разводен механизам: каналски за двотактен и вентилски за четиритактен мотор.Делови: брегаста оска, вентили, водилка на вентилите, клацкалки, пружини, подигнувачи БРЕГАСТА ОСКА-по консртукција е составена од оска на која се наоѓаат брегови.Секој мотор има онолку брегови колку што има вентили.Подвижување добива од коленастата оска преку запчаник или синџирник но за половина број на вртење.Вртењето го остварува во лизгачки лагери кои се подмачкуваат под притисок од уредот за подмачкување.Околу средината се наоѓа мал запченик со кој се предава движењето на пумпата со масло.Брекчињата се составени од остар и тап дел.Со вртењето преку остриот дел се врши подигнување на подигачите а од задниот дел на клацкалката при што се врши собирање на пружината на вентилот.Кога ќе дојде тапиот дел од брекчето,пружината се враќа назад и го затвара вентилот. ВЕНТИЛИ-се составени од глава и тело.Кај четворотакрните мотори има два вида на нентили: издувен и усисен.Имаат улога за навремено отварање при полнење на цилиндарот и навремено отварање при празнење на согорените гасови.Отварањето се врши преку клацкалките а затварањето преку вентилски пружини. ЧЕТВОРОТАКТНИ МОТОРИ- се мотори кои согорувањето на горивото го вршат за 4 такта,а за две завртувања на коленастата оска.Кај нив работен такт е само третиот а 1,2и4 се подготвителни тактови. Прв такт-усисување е фаза во која се извршува полнење на цилиндарот со гориво и воздух 1:15,кај бензиските мотори и со чист воздух кај дизел моторите.За оваа фаза е карактеристично да е отворен усисниот вентил,клипот се движи од ГМТ спрема ДМТ. Како резултат на движењето на клипот кон ДМТ во надклипниот простор се создава вакум кој брзо се исполнува се смеша од гориво и воздух или од чист воздух.Овој такт трае се додека клипот не дојде до ДМТ при што се затвара и усисниот вентил. Втор такт-собивање или компресија е фаза во која са врши собивање на смесата или чистиот воздух.За оваа фаза е карактеристочно што клипот се движи од ДМТ спрема ГМТ и двата вентили се затворени.Бидејќи цилиндерот е загреан од претходниот такт,свежото полнење прима топлина од околната средина т.е.од цилиндрската кошулка и челото на клипот,па со самото движење на клипот спрема ГМТ,притисокот и топлината растат па при крајот на вториот такт темп.достигнува од 500-700*С и притисок од 40- 50 бари,а нешто помалку кај бензиските. Трет такт-согорување е фаза која започнува со согорување на горивото.Кај бензиските мотори при крајот на вториот и почетокот на третиот такт свеќичката уфрла една искра при што се врши палење на смесата,додека кај дизел моторите дизната уфрла нафта во загреаниот воздух при што доаѓа до брзо мешање на гориво и воздух и нивно палење.Во оваа фаза клипот движејќи се према ДМТ ја прима врз себе целокупната темп.и притисок настанати со согорување на горивото,и преку клипњачата ја предава до коленастата оска. Четврт такт-издувување е фаза во која се врши отстранување на согорените гасови настанати како резултат на согорување на горивото.Клипот движејќи се од ДМТ кон ГМТ и потиснува сите согорени гасови и преку издувниот вентил кој е отворен ги потиснува надвор од цилиндарот.Оваа фаза трае се додека не дојде клипот до ГМТ,при што се затвара и издувниот вентил.После сето ова цилиндарот е повторно спремен за отпочнување на нов работен циклус. ДВОТАКТЕН МОТОР се оние мотори при кои согорувањето на горивата се изведува за два такта и едно завртување на коленастата оска. Прв такт- како резултат на претходното вбризгување на нафта од дизната или уфрлање на искра од свеќичката се извршило палење на смесата и клипот се движи спрема ДМТ при што настанало запалување,согорување и ширење на гасовите.Клипот движејќи се надоле го отвара издувниот вентил и согорените гасови почнуваат да излегуваат.Со понатамошно движење постепено се врши затварање на усисниот вентил,а собиеното ново полнење во картерот постепено преоѓа преку споредниот отвор кој се наоѓа помеѓу цилиндарот и клипот,врши полнење на надклипниот простор,а истовремено и потиснување на останатите согорени гасови. Втор такт-клипот се движи од ДМТ спрема ГМТ. На почетокот на движењето се врши затварање на споредниот канал,а потоа и на издувниот отвор.Под самиот клип се врши отварање на усисниот отвор при што во картерот навлегува смеша од гориво и воздух кај бензиските или чист воздух кај дизел моторите.Движејќи се клипот спрема ГМТ, се врши се појако собивање на свежото полнење при што неговата темп.и притисок растат.Пред да дојде клипот до ГМТ свеќичката кај бензиските мотори уфрла една искра,а додека кај дизел моторите дизната вбризгува горива при што настанува палење на смешата.Во тој момент клипот повторно се движи спрема ДМТ. РАЗЛИКА ПОМЕЃУ ДВОТАКТЕН И ЧЕТИРИТАкТЕН МОТОР. -По бројот на тактови -Кај двотактните нема јасно разграничување на тактовите како кај 4тактните -Кај 2тактните мотори нема вентили туку отвори и тоа усисен и издувен отвор кои се отвараат и затвараат со движење на клипот. РАЗЛИКА ПОМЕЃУ ДИЗЕЛ И БЕНЗИН МОТОР -Смешата кај бензинските мотори е од гориво и воздух,додека кај дизел моторите е чист воздух. Кај бензинските мотори при крајот на вториот и почетокот на третиот такт свеќичката уфрла една искра при што се врши палење на смесата,додека кај дизел моторите дизната уфрла нафта во загреаниот возфух. SI СИСТЕМ- претставува меѓународен систем на мерни единици во земјоделската техника. -Основни мерни единици (должина,маса,време,молекуларна маса,јачина на електручната струја,јачина на светлината,термодинамичка темп.) -Изведени мерни единици (сите други се изведени) ЕДИНИЦА ЗА МОЌНОСТ- досега се изразувала со KS-коњски сили,но со новиот закон за мерни инструменти,единица за моќност е W-ват.Соодносот на KS и W е следниот: KS=736 W. Во употреба се сретнува и KW- киловати. KS x 0,736 = KW. За придвижување на секоја машина треба да се одреди трактор со точно одредена моќ на потегница.Отпорот кој го создава приклучната машина се одредува со инструменти. ЕДИНИЦА ЗА СИЛА-мерна единица е N- њутн. Мерни единици изведени од њутн се килоњутн KN=10tretaN и мегањутн MN=10шестN. Во текот на работниот процес,приклучните машини создаваат сила која е со спротиставен правец на дејство од онаа сила на движење која ја создава тракторот,таа сила се вика отпор.Мерењето на отпорот се врши со: динамометри,динамографи, електротензиометри(сложени по конструкција и се многу прецизни). ЕДИНИЦА ЗА ПРИТИСОК-мерна единица е паскал-Pa,односно 1Pa = 1N/m2 а дозволено е да се употребува и bar 1 bar = 10pet Pa = 10pet N/m2. Како мерна единица за притисок денес во земј.се користи бар на пример: притисокот на гумите се изразува во бар(се движи од 0,5 до 3); исто така и притисокот за подмачкување се мери се бар(1,5 до 5бари). ЕДИНИЦА ЗА ПОВРШИНА-м.единица е квадратен метар- m2.Во употреба се дозволени и поголеми и помали мерни единици: квадратен дециметар = dm2 = 10 (-2) m2 квадратен сантиметар = cm2 = 10 (-4) m2 квадратен милиметар = mm2 = 10 (-6) m2 квадратен километар = km2 = 10 (6) m2 Koга се изразува производителноста на некоја земј.машина се користат хектар-ha и ар-ar.Но бидејќи се се различно произвотство во единица време се служиме со ha/h односно ha/ден и сo помала производност ar/h односно ar/ден.И двете се дозволени а нивниот сооднос со m2 e 1ar = 100m2; 1dekar = 1.000m2; 1ha=10.000m2. ЕДИНИЦА ЗА ТЕМПЕРАТУРА-ја карактеризира топлотната состојба на некое тело односно степенот на неговата загреаност.Покрај С* се воведува и нова мер.единица за тем.и келвин-К, која е идентична на мер.единица С*,количински и температурно,а разликата е во скаларната поделба на термометарот: 1С*=1К 0С*=273,16К. При согорување на горивото,деловите во МВС се загреваат до темп.од 800 до 1.600С*. Водата или сретството за ладење не би требало да имаат повисока тем.од 90 односно помала од 60С*. ЕДИНИЦА ЗА БРЗИНА-претставува изминат пат за единица време.V=s/t Се означува метри во секунда- m/s а честопати се користи и километар на час- km/ha a нивниот сооднос е : 1km/h = 0,277778 m/s. ЕДИНИЦА ЗА ДОЛЖИНА- метар – m2.Поголеми и помали мерни единици се: дециметар- 1dm = 0,1m сантиметар- 1cm = 0.01m милиметар- 1mm = 0,001m километар- 1km = 1000m Не се дозволено употреба на микрон која претставува илјадити дел од милиметарот,наместо неа се воведува микрометар. ЕДИНИЦА ЗА МАСА-килограм-kg,поголема е тон-t а помала грам-gr.Потрошувачката на гориво кај земј.машини се изразува како kg/h или kg/den,или пак како специфична потрошувачка gr/kw/h. Кога ќе се каже дека тракторот е 2000кг се мисли на неговата маса а не на тежината. МЕРКА ЗА СОГОРУВААЊЕ НА ГОРИВО-топлината на согорување на горивото се дефинира како количина на топлина која се изведува од единица маса на гориво при негово потполно согорување.Мерка за согорување на гориво е џул/килограм – J/kg.Поголеми од неа се кило џул- KJ = 10трета J/kg и мега џул – MЈ = 10шест J/kg. Топлината на согорување или калоричната моќ за различни нафтени деривати,просечно изнесува: бензин 46МЈ/кг и на нафтата 42МЈ/кг. Доколку оваа калорична моќ е поголема од единица маса гориво,дотолку е подобро бидејќи потрошувачката на гориво ќе се намали а моторот ќе развие поголема ефективна моќ. ЕДИНИЦА ЗА ВИСКОЗНОСТ- претставува физичко-хемиска особина на различни материјали.Се изразува во две вредности: динамичка - P/s и кинематичка – m2/s или други изведени мерни единици како dm2/s или mm2/s.Таквите материи и материјали кои ние секојдневно ги употребуваме во експлоатацијата на земј.техника важат само при одредена темп.бидејќи вискозноста се менува во зависност од темп.на материјата.Со зголемување на темп.се намалува вискозноста а со тоа се намалува и густината,а пак се зголемува течливост на самите материи. СПРАВИ ЗА ИСПИТУВАЊЕ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИТЕ МАШИНИ длабиномер профиломер пантлика падомер специјален агломер манометар визир значка ДЛАБИНОМЕТАРОТ служи за определување длабочина на бразда.Составен е од две хоризонтални поставени летвички: подвижна и неподвижна.На неподвижната летвичка е изгравирано од 0 до 100см а може и повеќе, а на долниот дел има нормално поставена летвичка. Мерењето се изведува кога нормално поставената летвичка се поставува на неораниот дел а на подвижната летвичка и се овозможува слободно да падне до дното на браздата.При ова треба да се внимава,доколку има ровита земја на дното на браздата да се тргне за да неподвижната летвичка допре до тврдата бразда.Отчитувањето се врши на неподвижната летвичка,а се вршат најмалку 5 мерење.Мерењата се извршуваат после третата бразда,на првите 3 бразди не се врши. ПРОФИЛОМЕР е справа која служи за мерење на профилите кои настануваат во тек на орањето помеѓу браздите.Составен е од хоризонтална летвичка која е изгравирана во сантиметри и на двата краја е цврсто прикрепена на две летви во висина од 30-40см.По хоризонталната летвичка се движи гајка која служи за мерење на длабочината на профилот.Мерењата се изведуваат кога профиломерот се поставува над профилот од браздата.Мерењата се отчитуваат на хоризонталната летвичка во сантиметри,а длабочината на профилот на подвижната летвичка од гајката.При отчитување на ширината посебно треба да се внимава да се изврши поклопување на ивицата од профилот со крајот на гајката. ПАНТЛИКИТЕ служат за определување(мерење) на долњина и ширина на парцелите.По конструкција претставува долга лента од челик или платно која се навлекува во челична кутија. По должина е изгравирана во см,милиметри,метри.После употреба платнените пантлики се чистат со полувлажна крпа и се сушат,а металните (челичните) се чистат добро со влажна крпа, се сушат и се премачкуваат со уље кое има поголема вискозност за да ја штити од корозија. СПЕЦИЈАЛЕН АГЛОМЕР – служи за мерење агол или наклон на терен.Изработен е од дрво а е составен од две летвички од кои едната е хоризонтална и на неа е поставена либела.Двете се поврзани со трета летвичка која е изгравирана од 0 до 90*.Овој начин на мерење се изведува кога со машината се застанува на наклонет терн и на неа се поставува агломер.Пред да се отчитува треба меурчето да е на средината при што наклонот од теренот со долната летвичка да образува агол кој се отчитува на летвичката во степени.Се вршат најмалку 5 мерења од различни места. ПАДОМЕР – како и специјалниот агломер,служи за директно определување на наклон на терен. Составен е од четвртаста цевка (дурбин) на чии преден дел се наоѓа окулар.На средината се наоѓа прицврстено хоризонтално влакно.Од горната страна на цевката,на десната половина се наоѓа отвор а под овој отвор под агол од 45* е сместено огледало кое ја покажува либелата.На падомерот се наоѓа метална плоча на која се наоѓаат две скали.Погорната го покажува наклонот во проценти а подолната во степени. МАНОМЕТАР (мерач на воздушен притисок) – е справа која што служи за мерење ма притисокот на гумите.Овие справи по форма и конструкција ги има најразлични а најчесто се во форма на хемиско пенкало.Скоро сите се составени од сатен механизам приклучена за вентилот за гуми и механизам за враќање на стрелката на почетната позиција (нула). ВИЗИР ЗНАЧКИ – имаат примена во земј.техника при определување на права линија,при испитување на машините,при поставување на различни маркери.Се поставуваат на различни растојание на пример од 25 или 50м што зависи од видливоста и потребата.Секогаш се употребуваат во две бои заради полесно распознавање во околината. ИНСТРУМЕНТИ ЗА ИСПИТУВАЊЕ НА ЗЕМЈ.МАШИНИ динамометар динамограф тахометар тахограф обртометар обртоскоп електротензиометар ИНСТРУМЕНТИ ЗА ОПРЕДЕЛУВАЊЕ НА ОТПОРОТ КАЈ ПРИКЛУЧНИТЕ МАШИНИ ДИНАМОМЕТАР-се инструменти со кои се определува силата (отпорот) кој го создава приклучната машина во тек на работниот процес.Во употреба најзастапен е Резников динамометар ДИНАМОГРАФИТЕ се инструменти кои вршат мерење но истовремено и обележување на создадениот отпор кој настанал во текот на работата. ПОЛАРЕН ПЛАНИМЕТАР -по завршеното мерење со динамографите се вади влечниот дијаграм и се обработува со поларниот планиметар.Дијаграмот се поставува на рамна маса заедно со планиметарот.( за исчитување на дијаграмот од мерењето со динамограф) ИНСТРУМЕНТИ ЗА МЕРЕЊЕ НА БРОЈОТ НА ВРТЕЊА КАЈ ЗЕМЈ.МАШИНИ ОБРТОМЕТАР-е составен од една осовина која директно преку запчаник е поврзана со бројчаник.Бројчаникот или скалата за отчитување може да покаже и до 10.000вртења или повеќе.Со вклучување на приклучокот на маш.дел кој го испитуваме истовремено вршиме и вклучување на штоперицата за мерење на времето.По исклучување на инструментот се стопира и штоперицата.На бројчаникот го отчитуваме бројот на вртење,а на штоперицата времето за кое настанале. ОБРТОСКОП (тахоскоп) е инструмент кој служи за мерење на бројот на вртењата но во исто време и времето.Обртоскопот претставува комбинација од бројач на вртења и секундометар.На него се приклучуваат приклучоци кои можат да бидат: приклучок за мерење на периферните брзини, за мерење на мазни осовини кои во центарот имаат приклучок и приклучок за мерење на вртења на мазни осовини кои во центарот немаат приклучок.Има две копчиња од кои едното е за вклучување во работа на инструментот а другиот е за враќање на стрелката на почетната позиција.Саатниот механизам е претставен од два круга,помалиот го покажува секое илјадитиот вртење,а поголемиот е составен од два бројчаника,надворешен кој го покажува вртењето до 100 и внатрешен од 100 до 1000. ТАХОМЕТАР-служи за покажување на моменталниот број на вртења на земј.машина.Составен е од оска на чии краен дел се наоѓа шајбна која се вклучува со друга шајбна од маш.дел на кој сакаме да вршиме испитување.На оската се наоѓа и метален прстен кој кога инструментот не е во работна положба,завзема коса положба.Прстенот е директно споен со спирална пружина преку која со стрелка се означуваат вртењата.На горниот дел се наоѓа скала по која стрелката завзема одредена положба,во зависност од вртежите. ТАХОГРАФ-служи за истовремено мерење и регистрирање на бројот на вртењата.Составен е од истите составни делови како и тахометарот со таа разлика што има саатен механизам за регистрирање на бројот на вртењата. ЕЛЕКТРОТЕНЗИОМЕТАР-служат како инструменти за испитување на земј.машини со кои може брзо и едноставно да се добијат бараните параметри за одредена машина.Се среќаваат 6,8,10 или 12канален што значи дека истовремено можат да вршат мерења на 6,8,10 или 12 параметри.Шестканалниот електротензиометар кој го поседува катедрата на ФЗНХ може: 1.јаглерод моноксид 4.потрошувачка на гориво 2.јаглерод двеоксид 5.брзина на движење 3.бучава 6.работен отпор. ФОНОМЕТАР-за мерење на бучавата на земј.машини.Работи на батерии.Се поставува во кабината на различни места се со цел да се утврди колку изнесува бучавата,дали е во границите на законските регулативи.Дозволената граница на бучава при работа со земј.машини е 80 децибели.Вредностите ги покажува дикитално.