02 - Klasicni drveni konstrukcii - 2011_02_28

May 8, 2018 | Author: Anonymous | Category: Documents
Report this link


Description

КЛАСИЧНИ ДРВЕНИ КОНСТУКЦИИ Проф. д-р Кирил Граматиков Кровови Крововите, односно кровните констукции, претставуваат завршен дел на секој архитектонски објект. Кровната констукција има задача да го штити објектот од атмосферски влијанија, да го изолира просторот под кровот и во некои случаи да обезбеди осветлување на просторот. Видови на кровови Едноводни кровови Двоводни кровови Видови на кровови Четириводни кровови Сложени кровови Елементи на кровни констукции Кровот е составен од кровна покривка и кровна конструкција. Кровната покривка го прифаќа дождот и снегот и го одведува надвор од објектот. Кровната конструкција ја носи покривката со сите товари што доаѓаат преку неа, како и сите товари од внатрешноста на објектот во вид на таванска конструкција и др. Поради тоа, кровната конструкција треба да биде цврсто поврзана во една целина, за да може да се спротистави на сите товари, при што од посебно значење е дејството на ветрот. Елементи на кровни констукции Според наклонот на кровната покривка постојат: рамни кровови, со наклон до 5º, битуменски или асфалтни покривки - благи кровови, со наклон од 5º до 30º, лим или вештачки производи, како ондулине - стрмни кровови, со наклон над 30º, ќерамиди или ондулине Елементи на кровни констукции Кровната покривка ја сочинуваат: - Покривката; - Оплата и летви; - Рогови. Кровната конструкција ја сочинуваат: - Рожници; - Главни врзувачи (носачи); - Спрегови и укрутувања; - Одводнување, вентилација и светларници. Елементи на кровни констукции -слеменица -венчаница Елементи на кровни констукции -слеменица -венчаница Елементи на кровни констукции -слеменица -венчаница Елементи на кровни констукции Слеменица Венчаница Елементи на кровни констукции -слеменица -венчаница Прости кровови Простите кровови се составени од рогови меѓусебно поврзани во слеменица, во горниот дел, а во долниот дел се поврзани со таванска греда. Прости кровови Прости кровови Основа Подолжен пресек Кровови со распонка Кај крововите со распонка роговите во горниот и долниот дел се поврзуваат на ист начин како простите кровови, а во средината од нивната должина се поврзани со хоризонтална гредараспонка. Кровови со распонка Кровови со распонка Кровови на прости столови Кровниот врзувач е составен од роговите, кои во горниот дел лежат на слеменицата, потпрена врз столбот од кровниот врзувач, цврсто се поврзани со таванска греда и два косника. Кровови на прости столови Кровови на прости столови Основа Кровови на прости столови Подолжен пресек Кровови на двојни столови Кровниот врзувач се состои од рогови, потпрени врз венчаница и рожница, која лежи врз столб од кровниот врзувач, два косника и хоризонтална греда. Кровови на двојни столови Основа Кровови на двојни столови Подолжен пресек Кровови на тројни столови Кровови на тројни столови Основа Кровови на прости висулки Простите висулки се составени од хоризонтална греда, два косника и еден столб, врз кој се потпира слеменицата. Кровови на прости висулки Кровови на прости висулки Основа Кровови на прости висулки Подолжен пресек Кровови на двојни висулки Двојните висулки се составени од хоризонтална греда, два косника и два столба поврзани со хоризонтална греда. Кровови на двојни висулки Кровови на двојни висулки Основа Кровови на двојни висулки Подолжен пресек Кровна конструкција Кровната покривка треба да биде водонепропусна, отпорна на мраз и пожар и да има термоизолациони својства. Кровната покривка може да биде: - Печена земја (керамиди); - Плочи од азбест; - Од природни шкрилци и плочи од етернит (брановидни или рамни); - Производи од пластични маси; - Стакло; - Самоносиви сендвич елементи и др. Наклонот на кровот зависи од видот на кровната покривка и од климатските и архитектонските услови. Товари кај дрвените конструкции I група товари – основни товари: • постојан товар; • подвижен товар (вклучувајќи снег); • хоризонтални товари; • товар од ветер (кога делува како самостоен товар). II група товари – дополнителни товари: • ветер (кога не делува како самостоен товар); • товар од скели и оплати (за бетон); • товари од привремени конструкции; • триење на лежиштата; • сили на кочење; • температурни промени; • собирање и бубрење на дрвото; • други можни хоризонтални товари кои не се опфатени со Групата I. Товари кај дрвените конструкции III група товари – особени товари: • потреси; • поместување на потпорите; • притисок од мраз; • пожарен товар во траење од 30min. Товари кај кровните конструкции На кровните конструкции делуваат следните товари: - Сопствена тежина на кровните конструктивни елементи и кровната покривка; - Случајни товари од снег и ветер; - Товари во вид на концентрирани сили на одделни конструктивни елементи; - Корисни товари. Сите товари делуваат вертикално, со исклучок на ветерот кој делува хоризонтално. Сопствена тежина Сопствената тежина на кровната покривка и елементите дејствува вертикално и за полесно пресметување се сведува на 1m2 од површината на основата на кровот. Таа зависи од типот на покривката и е дадена во kN/m2 наклонета кровна површина, а на 1m2 од површината на основата на кровот изнесува: Тежината на роговите влегува во тежината на покривката. Сопствена тежина а/ РОЖНИЦИ За а=2,5-3,5m => G’=0.06-0.08kN/m2 б/ ГЛАВНИ ВРЗУВАЧИ - РЕШЕТКИ Сопствената тежина зависи од распонот и меѓусебното растојание на главните носачи – вообичаено lt=3.54.5m. L [m] < 12.0 15.0 – 20.0 20.0 – 25.0 25.0 – 30.0 30.0 – 35.0 G [kN/m2] 0.10 – 0.15 0.20 – 0.25 0.25 – 0.35 0.35 – 0.40 0.40 – 0.60 Сопствена тежина в/ СПРЕГОВИ g = 0.10 - 0.12 [kN/m2 ] г/ СТОЛИЦИ И ВИСУЛКИ g = 0.08 - 0.12 [kN/m2 ] при lt =3.5-4.5m Случајни товари а/ ТОВАР ОД СНЕГ Дејствува на 1m2 хоризонтална површина и зависи од надморската висина на објектот. Основно натоварување од снег за кровни површини со наклон α60° 0 Случајни товари За кровови со наклон 20○-60○ оптоварувањето од снег се определува со изразот S’=S·cosα За кровови со наклон >60○ товар од снег не се зема предвид. За двоводни конструкции се зема и несиметрично дејство од снег. Случајни товари б/ ДЕЈСТВО НА ВЕТЕР Се определува како хоризонтален товар, во сите можни правци. Површините на објектот можат да бидат изложени на дејство на ветер: - непосредно, преку површини свртени кон ветрот; - посредно, на површини паралелни со правецот на ветрот или на површини во заветрина. Посредно изложените површини на дејство на ветер се изложени на „цицање“ (-), а непосредно изложените на притисок (+) или „цицање“. Случајни товари Интензитетот на товарот од ветер зависи од географсктата зона на ветрови, висината на објектот, дефиниран во прописот за товарење на згради. Според брзините на ветерот што се јавува во одредени подрачја, прописот (донесен во поранешна Југославија) ја дели територијата на три географски зони: I зона – зона на умерени ветрови; II зона – зона на силна кошава и вардарец; III зона – зона на силни бури. Во III-та зона спаѓаат сите отворени планински краеви со НВ>800m. Случајни товари Дејството на ветерот се определува според образецот: w=c·w0 c – коефициент зависен од обликот на објектот; w0 – основно натоварување од ветер во kN/m2. Затворен објект. Случајни товари При отворени објекти: w = (1.2 ⋅ sinα - 0.4 ) ⋅ w0 ... [kN / m2 ] w w' = ... [kN] A Наместо коса компонента дејството на ветерот може да се подели на хоризонтална и вертикална компонента: Случајни товари Основно натоварување од ветер Висина на површината над теренот, која е изложена на дејство на ветерот до 10 m w0-основно натоварување од ветар [kN/m2] за географска зона I 0,30 0,40 0,45 0,50 0,60 0,70 0,80 II 0,40 0,55 0,70 0,75 0,90 1,05 1,20 III 0,55 0,80 1,10 1,10 1,30 1,50 1,70 ред. бр. 1 2 3 4 5 6 7 Степен на заштитеност на објектот заштитен полузаштитен изложен полузаштитен изложен изложен изложен од 10 до 30 m од 30 до 60 m од 60 до 100 m Корисни товари Корисните товари на кровните простории се одредени со техничките прописи. На пример, простории со таван за домашна употреба се товарат со корисен товар p=1.25kN/m2. Концентрирана сила: Летвите, оплатата и роговите се проверуваат на товар од концентрирана сила P=1.0kN. Пресметување на конструктивните елементи 1/ ЛЕТВИ И ОПЛАТА Летвите имаат димензии 4/6cm и се поставуваат на меѓусебно растојание зависно од кровната покривка. Распонот на летвите претставува меѓусебно растојание на роговите. Се пресметуваат на тежина на покривката, товар од снег, ветер или концентрирана сила p=1.0kN, земајќи товар што отпаѓа на една летва. Пресметување на конструктивните елементи 1/ ЛЕТВИ И ОПЛАТА Дрвената оплата се поставува хоризонтално или во правец на наклонот на кровната површина, во зависност од положбата на роговите. Оплатата се пресметува како хоризонтална проста греда со распон од рог до рог или пак како наклонета проста греда со распон еднаков на растојанието меѓу рогрожниците. Димензионирањето се врши како стап со правоаголен пресек со ширина 100cm. Пресметување на конструктивните елементи 2/ РОГОВИ -слеменица -венчаница Пресметување на конструктивните елементи 2/ РОГОВИ Се поставуваат во правец на наклонот на кровната површина и се потпираат на рожниците. Се поставуваат на меѓусебно растојание e=0.5-1.0m. Пресметување на конструктивните елементи 2/ РОГОВИ Се поставуваат на две или три лежишта, при што најголемиот распон изнесува најмногу 5.0m. Пресметување на конструктивните елементи 2/ РОГОВИ Обично се пресметуваат како наклонети проси греди на две лежишта. Пресметување на конструктивните елементи 2/ РОГОВИ Сопствената тежина на еден хоризонталем метар од рогот изнесува: G0/cosα – сопствена тежина на кровната покривка и рогот во kN/m2 на основата на кровот; е – растојание меѓу рогови. Пресметување на конструктивните елементи 2/ РОГОВИ Товарот од снег за еден хоризонтален метар од рогот изнесува: s=s0·е, односно s=s0’·е …… [kN/m’] s0 – товар од снег за наклонети површини αfdoz димензионирањето се врши на следниов начин: Пресметување на конструктивните елементи Пресметување на рогови при дејство на работник: Максимален нападен момент: 2/ РОГОВИ Димензионирање:


Comments

Copyright © 2025 UPDOCS Inc.